Македонија
7. September 2016 - 16:45

Пронајдени телата на сите шест загинати патници од урнатиот авион

Увидните екипи ги пронајдоа телата на сите шест загинати патници - пет мажи и една жена, на местото каде што вчера попладне се урна приватен авион „Пајпер Па 34-200 Т Сенека“ со германски национални ознаки, сопственост на аматерскиот спортски аероклуб „Тревизо“ од Тревизо, Италија, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.  

- Телата се подготвени за пренесување во Институтот за судска медицина каде што во наредниот период по налог на Јавен обвинител ќе следи постапка за идентификација, наведува Обвинителството. 

Како што објавија италијанските медиуми, со авионот управувал 59- годишниот пилот Франческо Монтањер, претседател на аматерскиот спортски аероклуб „Тревизо“. Со него биле и потпретседателот на клубот,  62-годишниот Дарио Бастасин, Лука Дале Муле, одговорен за администрацијата во клубот, и Ангело Калегари, како и Иларија Бертио и Висар Бегај од Косово, кои имале и италијанско државјанство.

Заедно со уште три авиони на клубот, паднатиот авион вчера попладне полетал од Тревизо. Планирале да патуваат во Приштина, а над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот „Александар Велики“-Скопје за дополнување гориво.

Исчезнал од радарите и Контролата на летање тоа го пријавила во Министерството за внатрешни работи во 17.40 часот. Полициски и противпожарни екипи вечерта најдоа делови од леталото во селото Кожле кај Катланово. Теренот е тешко пристапен и денеска се пребаруваше.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека досега на местото на несреќата се пронајдени крило со една гума, метална електронска кутија, два мобилни телефона, карти за патување и една италијанска патна исправа. 

Во Основното јавно обивинителство се испитуваат двајца пилоти од Италија кои биле со други две летала и слетале на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Целта на испитувањето, како што наведе ОЈО, е да се соберат податоци и информации