Пронајдени телата на десетмината војници, осум месеци по падот на хеликоптерот во Папуа
Пронајдени се телата на десетмината војници кои загинаа пред осум месеци кога нивниот хеликоптер се урна во провинцијата Папуа, соопштија индонезиските власти.
Екипите на елитните сили на Индонезиската армија пронајдоа остатоци од хеликоптерот Ми-17, произведен во Русија, на стрмна падина на надморска височина од околу 3.800 метри.
Портпаролот на војската на Папуа, Дакс Сиантури рече дека се идентификувани телата врз основа на нивната униформа.
Воениот командант Бинсар Сианипар, кој ја предводеше мисијата, појасни дека лошите временски услови ги спречувале нивните обиди да ги извлечат телата со помош на јаже и најави дека операцијата ќе продолжи утре наутро.
Причината за несреќата сè уште се истражува. Хеликоптерот изгубил контакт пет минути по полетувањето од Оксибил на 28 јуни.
Тој полета во Џајапур, главниот град на провинцијата Папуа.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство