Балкан
19. јуни 2016 - 18:01

Пронајдени сестрите: Ги бараше цел град, а тие биле во...

Сестрите Анџела и Нивес Брандмајер се вратиле дома живи и здрави! Тие вчера околу 13 часот се вратиле дома по повеќе од 15 часа потрага. Имено, тие завчера околу 22 часот искочиле од дома за да купат сладолед и од тогаш им се губи секоков траг.

Сеуште нема официјална информација каде биле сестрите Нивес и Анџела Брандмајер. Имено, црногорските медиуми пренесуваат дека ова не им е прв пат на исчезнат на подолго време, а неофицијално се дознава, Анџела и Нивес синоќа биле во Будва.

Поради тоа таткото на девојчињата не сакал да поднесе пријава во полиција за нвното исчезнување. Без разлика на тоа, полицијата во Тиват, ги превземала сите оперативни работи и ја известила судијката за нивното исчезнување. Исто така, група на граѓани од Тиват ги барале сестрите Брандмајер.