Македонија
13. August 2020 - 10:32

Пронајдени рачни бомби при ископување во ловиштето „Ниџе“

На 12.08.2020 во 17.08 часот во Полициската станица Новаци било пријавено дека при ископување во ловиштето „Ниџе“ биле пронајдени рачни бомби од Првата светска војна.

Пронајдените бомби во текот на денот ќе бидат подигнати од местото на настанот од страна на претставници на Дирекцијата за заштита и спасување.