Македонија
28. December 2017 - 13:54

Пронајдени исчезнатите сестри од тетовско

Министерството за внатрешни работи соопшти дека двете сестри од Тетовско што беа исчезнати два месеци се пронајдени.

„Г.Е(24) и нејзината 16-годишна сестра кои на 22 декември во Полициска станица Тетово беа пријавени за исчезнати, вчера од страна на полициски службеници се пронајдени во Гостивар“, соопшти МВР.

Од таму на наведуваат подетални информации во врска со исчезнатите сестри. Нивниот татко Џ.С.(61) од село Селце на 22 пријавил дека ќерките два месеци не се вратиле дома.