Македонија
24. May 2020 - 14:07

Пронајдени и лишени од слобода се двајцата затвореници кои избегаа од КПУ

Денеска во 01.20 часот, во атарот на струшката населба Теферич, пронајдени и приведени се Б.С.(34) и С.К.(32), двајцата од Струга. 

Приведувањето е извршено, откако во 01:07 часот во Полициската станица во Струга, од затворот во Струга е добиено телефонско известување дека двете лица избегале од казнено поправната установа каде издржувале затворска казна.