Loading Video...
Свет
11. March 2019 - 18:22

Пронајдени двете црни кутии на „Боинг 737“ – причината за несреќата сè уште непознатa

Пронајдени се двете црни кутии од  авионот „боинг 737 макс-8“ на авиокомпанијата „Етиопиен ерлајнс“ кој вчера се урна  на релацијата Адис Абеба –Најроби.

Кутиите се предадени на експертите, кои  треба да утврдат  кои се причините за несреќата во која загинаа 157луге.

Авионот се урнал само 6 минути по полетувањето, а пилотот пријавил дека има проблеми со управувањето на леталото.

Ова е втора несрека со овој тип на авион за краток временски период. Пред само 4 месеци истиот вид на боинг во сопственост на индонезиска компанија се урна во јаванското море, при што загинаа 190 лица. Податоците од црната кутија тогаш  покажаа дека сензорите на авионот за брзина и височина не биле исправни .