Македонија
11. May 2019 - 13:58

Пронајдени две лица од Тетово кои беа пријавени за исчезнати

Две лица од Тетово кои биле пријавени за исчезнати се пронајдени, информира МВР. Имено, 34-годишната Л.Ј. од село Брвеница - Тетово која беше пријавена за исчезната на 10.05.2019 година е пронајдена. Исто така пронајден е и 19-годишниот Б.Ј. од Тетово кој беше пријавен за исчезнат на 10.05.2019 година.