Балкан
15. March 2016 - 15:02

Пронајдени две безживотни тела: Внук со секира убил баба и дедо!

А.М. (26) ги убил бабата Љ.М. (85) и дедото М.М. (88), усмртувајќи ги со секира во главата.
 
Во близина на Зајечар, во селото Самраковец се случило двојно убиство, пишува „Блиц“.
 
Момче со секира усмртил баба и дедо. Бабата починала на лице место, додека дедото починал подоцна во болница во Бор.
 
Убиството се случило во семејната куќа вчеравечер околу 23:30 часот.
 
Полицијата го уапсила А.М, и му одредила мерка притвор.