Македонија
27. November 2022 - 10:58

Пронајдени дрога и пиштол, лишен од слобода дилер

 На 27.11.2022 во 01.15 часот на ул.“Втора Македонска бригада“ во Скопје, на паркинг пред спортска сала, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Н.Ј.(47) од Скопје, затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и пиштол “берета“ за кој не поседувал дозвола.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.