Македонија
14. December 2019 - 11:17

Пронајдени 64 пакувања кокаин кај три лица во Гостивар

Денеска околу 01:00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода Ф.Х.(31), Х.Н.(48) и 31-годишната Е.Н. од гостиварска Долна Бањица, затоа што при претрес извршен со судска наредба од 23:00 до 01:00 часот, во стан на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, а кој под закуп го користел Ф.Х, пронајдени се 64 пакувања кокаин и дигитална вага. Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.