Македонија
10. July 2019 - 11:09

Пронајдени 27 мигранти во комбе кај гевгелиско

Товарно моторно возило полно со мигранти кај гевгелиско. Според информациите на МВР, вчера во 18:20 часот на клучката Марвинци, Гевгелиско, полициски службеници пронашле 27 мигранти во товарно возило „VW LT 35“ со кумановски регистарски ознаки. Возачот Д.Р.(31) од Велес е приведен поради сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите се предадени во Прифатниот центар Гевгелија.