Џет-Сет
25. July 2015 - 18:07

Пронајдени 20 недовршени песни од Мајкл Џексон

Мајкл Дурам Принс, поранешниот инженер на звукот на Мајкл Џексон, тврди дека во својот компјутер зачувал „20 никогаш објавени, но недовршени песни“ од кралот на поп музиката.

- Немам право ниту да ги откријам имињата на овие песни, ниту да ги пуштам, истакна Принс, кој работел со Џексон од 1995 па се до неговата смрт во 2009 година.

- Верувам дека ќе има уште албуми, но засега планираме да издадеме по неколку нови песни секои шест месеци. Има многу работа. Мајкл не ги пееше рефрените на демо снимките, па затоа треба да се најде некој кој ќе ги отпее. А тоа значи дека ќе станува збор за дуети, објасни тонскиот работник, додавајќи дека „семејството на Џексон, неговите наследници и неговата издавачка куќа ќе го дадат последниот збор“.

По смртта на славниот пејач издадени се два постхумни албума: „Мајкл“ (2010) и Ескејп (2014).