Македонија
11. May 2021 - 12:49

Пронајдени 120 насади канабис во демирхисарско

На 10.05.2021  од страна на Полициски службеници од Полициска станица Демир Хисар во с.Боиште, демирхисарско, во дворни места од напуштени и руинирани куќи, откриле 120 насади марихуана.

Увид извршен по овластвање на Јавен обвинител од Битола, при што стеблата и околни предмети се подигнати за понатамошно вештачење. Се работи на расчистување на случајот.