Македонија
2. August 2020 - 11:09

Пронајдени 10 мигранти кај с.Ваксинце, возачот избегал

Вчера околу 23,50 часот на локален пат с.Слупчане-с.Ваксинце, полициски службеници од Полициска станица Белановце се обиделе да запрат патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало.

Од полициски службеници пред влез на с.Ваксинце, кај селските гробишта било пронајдено возилото, при што возачот го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти од Пакистан, Сирија и Бангладеш.

Мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.