Македонија
11. November 2019 - 11:05

Пронајдена стара неексплодирана рачна бомба од Втора светска војна во Куманово

Вчера во 12.50 часот во Полициската станица Куманово, вработен во приватна фирма од Куманово пријавил дека на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово, при изведување градежни работи - вршење на ископ, пронашле стара неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка.