Македонија
5. јуни 2020 - 10:59

Пронајдена скриена албанска државјанка во товарно возило при влез во земјава

Вчера во 14.45 часот на влез во Р.С.Македонија, при контрола во товарно возило „ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(50) од с.Горенци, општина Дебарца, царински службеници ја пронашле Л.Л.(20) од Р.Албанијаскриена во кабина на возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.