Македонија
19. December 2020 - 11:47

Пронајдена прашкаста материја кај 20-годишник од Демир Хисар

Вчера во 16.40 часот во Демир Хисар, полициски службеници од  Полициската станица Демир Хисар од слобода го лишиле Л.М.(20) од Демир Хисар, затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја, информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.