Македонија
30. јуни 2020 - 10:36

Пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна во с.Меџитлија

На 29.06.2020 во 10.56 часот во Полициското одделение Велушина, Б.Б.(40) од с.Меџитлија пријавил дека на влезот на гробиштата во с.Меџитлија, при изведување земјоделски работи, пронашол неексплодирана граната.

Од полициски службеници  било излезено на местото на настанот, а од страна на пиротехничар од ДЗС била подигната артилериска граната 75 мм од Првата светска војна.