-->
-->
Пронајдена неактивирана рачна бомба во шахта
-->
Вчера во 16,30 часот во СВР Скопје, Р.Ј. од Скопје пријавил дека во сопствениот двор во населба Хиподром при извршување градежни работи во шахта пронашол експлозивна направа.
Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за неактивирана рачна бомба М-75(кашикара).
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Експлозивната направа е подигната од местото на настанот од Единицата за aнтитероризам при МВР за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори