Македонија
13. October 2017 - 13:06

Пронајдена мртва жена во водите на реката Вардар

Вчера во 12.50 часот во водите на реката Вардар, на место викано „Долни Дуќани“- Велес, од страна на граѓанин бил пронајден леш на женско лице на возраст од околу 70 години.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на случајот.