Македонија
28. October 2020 - 10:49

Пронајдена марихуана во возило на тетовец

На 28.10.2020 околу 01.10 часот, во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(33) од тетовско Јеловјане, затоа што при негов и преглед на возилото „фолксфаген голф“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана.

А.A. е задржан во Полициската станица Тетово и ќе следува соодветен поднесок.