Македонија
13. July 2019 - 11:11

Пронајдена марихуана во возило, мавровчанец приведен во полиција

Вчера во 17,50 часот на регионалниот пат Р1 202 Маврово-Дебар, поточно на м.в.„Манастирска крстосница“, при вршење на мотопатролна служба, од страна на патролната служба од Полициската станица за граничен надзор Жировница било запрено патничко мотрорно возило “Нисан“ со гостиварски регистарски озанки, управувано од Д.П. (34) од с.Маврови Анови.

При прегледот била пронајдена марихуана, по што Д.П. е приведен во полициска станица за натамошна постапка.