Македонија
25. July 2021 - 11:58

Пронајдена марихуана во Кочани, приведени две лица

Полицијата од Кочани вчера околу 21:30 часот ги привела Џ.С.(20) и Е.А.(18), двајцата од Кочани, откако при претрес кај нив и во домот на Џ.С., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.