Македонија
12. July 2020 - 11:48

Пронајдена марихуана кај три лица од Скопје

Денеска во 00.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода Д.Т.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Исто така вчера во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Димче Мирчев“ ги лишиле од слобода Е.Х.(30) и А.Н.(30), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана и дигитална вага. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.