Македонија
11. September 2019 - 20:11

Пронајдена марихуана кај двајца скопјани

Синоќа околу  23.00 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул. „Видое Смилевски Бато“, го привеле М.С.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Исто така во 20.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Ѓорче Петров“, го привеле Е.С.(44) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.