Македонија
27. November 2019 - 10:37

Пронајдена марихуана кај 35-годишен тетовец

Вчера околу 21.30 часот во тетовското село Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Р.И.(35) од с.Синичане, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил здржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.