Македонија
4. January 2021 - 11:56

Пронајдена марихуана кај 22-годишен скопјанец

Вчера во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода З.П.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и нож, соопштија од МВР.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.