Македонија
26. August 2019 - 18:43

Пронајдена марихуана, екстази и бела прашкаста материја кај тројца Скопјани

На 24.08.2019 во 02.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје, во Градскиот парк во Скопје, ги лишиле од слобода Р.Ц.(29), М.Н.(26) и Ф.Ј.(27), сите од Скопје, затоа што при извршенa контрола кај нив била пронајдена марихуана, екстази и бела прашкаста материја. Тројцата биле приведени во Полициската станица Карпош и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.