Македонија
1. December 2022 - 12:48

Пронајдена кородирана рачна бомба во тетовско

На 30.11.2022 во 12.15 часот во СВР Тетово, Б.Ф. од тетовски Бродец пријавил дека на место викано „Гоманец“, над с.Бродец, пронашол кородирана рачна бомба.

Извршен бил увид, при што било констатирано дека станува збор за кородирана рачна бомба од кинеско производсво без запалка.

Од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата била подигната за понатамошна постапка.