Македонија
25. January 2016 - 11:23

Пронајдена исчезнатата 33-годишна жителка на кумановско Ново Село

Припадници на СВР Куманово синоќа околу 23 часот во централното градско подрачје ја пронајдоа исчезната 33-годишна жена, жителка на кумановско Ново Село, потврдија денеска од кумановската полиција.

Жената од страна на членовите на нејзиното семејство беше пријавена за исчезната на 23 јануари.

Жената е вратена во нејзиниот дом. Во текот на вчерашниот ден, членови на семејството преку медиумите побараа помош и од граѓаните за пронаоѓање на жената.