Македонија
3. January 2018 - 14:18

Пронајдена исчезната малолетничка од Сарај, жива и здрава

Вчера во 20.20 часот во Полициското одделение Сарај, Б.Е. (46) од Скопје пријавил дека неговата 17 -годишна ќерка, која беше пријавена за исчезната е пронајдена во Тетово.

Таткото претходно пријави дека неговата ќерка Б.З. на 31.12.2017 година се оддалечила од дома во непознат правец, по што беа преземени мерки за пронаоѓање на девојчето.