Македонија
26. May 2019 - 18:54

Пронајдена граната од Втора светска војна во куќа во Велес

На 25.05.2019 година било пријавено дека во Велес на улицата “Академик Пенчо Давчев“ во двор од куќа сопственост на Т.К. била пронајдена граната од Втора светска војна. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес, а од страна на пиротехничар од ДЗС гранатата била подигната за понатамошна постапка.