Свет
27. December 2016 - 8:32

Пронајдена една од црните кутии на рускиот авион кој се урна во Црно Море

Нуркачи ја пронајдоа една од црните кутии на рускиот авион кој се урна во Црно Море, изјави извор на спасувачките служби.

- За време на истрагата пронајдена е една црна кутија под кабината на авионот. Наскоро таа ќе биде извадена од водата, истакна изворот.

Според него, во задниот дел на авионот има уште две црни кутии, кои засега не се откриени.

Изворот на спасувачките служби нагласи дека на местото на авионската несреќа се пронајдени телата на тројца загинати.

- Во текот на ноќта беа пронајдени телата на тројца загинати и голем број останки, изјави изворот.