Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (5/6 август) во периодот од 23 до 3 часот и 30 минути, во непосредна близина на наплатната станица Желино и на подрачјето на тетовско Камењане, лишиле од слобода вкупно седум лица.
При нивен и преглед на возилата во кои се превезувале, "фолксваген голф" и "туран" со тетовски регистерски ознаки и "бмв" со австриски национални ознаки, биле пронајдени кокаин марихуана и дробилка.Лишени од слобода се:Е Т.(22) од тетовски Порој, 21-годишната тетовка Е.С.,Б.Ф.(22), Е.К.(22), Т.Ш.(29) од Тетово ,А.К.(26) од тетовско Камењане и Ј.С.(18) од Австрија.
Седумте лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци за "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", согласно член 215 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
МВР: Приведени двајца криумчари од Штип, пронајдени 14 мигранти
-
ЦУК: Нема активни пожари, девет изгаснати во изминатото деноноќие
-
Талибанците пукаа во воздух за да растераат собир на жени кои бараат право на работа и образование
-
Пендаровски: Клучни придобивки од Рамковниот договор беа зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет
-
СДСМ: Македонската економија привлекува сериозни странските инвестиции
-
КЦ на Црна Гора: Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност
-
Лани во Грција имало речиси половина милион посетители од Македонија
-
Полицијата казни 212 возачи во Скопје, 76 за брзо возење