Македонија
23. May 2022 - 11:35

Пронајдена дрога, приведени пет лица во Гостивар

Полициски службеници на СВР Тетово - ОВР Гостивар вчера во 17.00 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар ги лишиле од слобода М.М.(37) од Пласница, А.Ш.(30), И.А.(24), Х.Ѓ.(26) и Е.Е.(22), четворицата од Кичево, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Лицата биле задржани во Полициска станица Гостивар и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок