Македонија
4. јуни 2021 - 10:10

Пронајдена дрога при претрес во Скопје, приведени две лица

На 03.06.2021 во 17.20 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.А.(34) од Скопје и Р.Е.В.(36) од САД затоа што при преглед кај нив биле пронајдени бела грутчеста материја и кафеава прашкаста материја.

Тие биле приведени и притоа Р.Е.В. физички нападнал полициски службеник. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.