Македонија
2. February 2020 - 12:38

Пронајдена дрога при претрес на 4 момчиња од Скопје и едно од Тетово

Полицијата вчера пронашла марихуана кај неколку лица од Скопје, Дебар, Тетово...

Во Градски парк во Скопје, полицајци на СВР Скопје го привеле Г.Г. (27) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Рано утрово на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје биле приведени Ј.П. (26) и А.К. (25), и двајцата од Дебар, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. 

Т.М. (19) од Скопје бил приведен на булеварот „Илинден“. Кај него била пронајдена прашкаста материја. 

Во Гази Баба полицајци кај Н.Ј. (23) од Стајковци, Скопско пронашле марихуана. 

Во село Слатино, Тетовско, бил приведен Х.Љ. (25) од село Шемшево, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

По целосно документирање на овие случаи против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.