Свет
12. December 2020 - 19:00

Пронајдена бомба покрај Дунав во Будимпешта, се затвора дел од градот

Унгарија утре вечер ќе го затвори јужниот дел на Будимпешта, за да неутрализира неексплодирана американска бомба од Втората светска војна.

Бомбата е пронајдена за време на градежни работи.

Според информациите, бомбата е тешка 1.000 килограми, а откриена е вчера покрај реката Дунав, рекол портпаролот на војската.

Полицијата ќе затвори делови на 9, 11 и 21-от округ утре во 18.30 часот. Затворањето ќе влијае на мостот Ракочи, неколку улици, како и дел од самата река.