Македонија
22. August 2016 - 10:31

Пронајден труп на патот Демир Капија –Неготино, идентификацијата во тек

Починато лице е пронајдено утрово на  делницата  Демир Капија-Неготино, соопшти  Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.       

- Утрово во 05,40 часот во Полициска станица Неготино пријавено е дека на патниот правец Демир Капија- Неготино, во близина на  месноста викана  „Прждевски споменик“ пронајдено е починато лице. Во моментов се врши увид на лице место, информира Стојковска.

Таа нагласи дека засега не можат да дадат повеќе детали за случајот.