Македонија
22. April 2018 - 12:48

Пронајден раскрвавен човек на Тумбе кафе, со рани на двете раце пренесен во Скопје

Синоќа околу 21,50 часот во СВР Битола е пријавено дека кај Градско шеталиште на место викано “Тумбе кафе“, има повредено лице.

Извршен е увид на местото на настанот при што е констатирано дека се работи за лицето З.Л.(67) од Битола.

На лицето му еукажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош Битола, при што било констатирано дека З.Л. има обилно крварење од вените на двете раце, по што лицето е пренесено во Комплексот клиники "Мајка Тереза" за укажување лекарска помош.