Македонија
1. April 2023 - 17:01

Пронајден починат 40 годишен маж во Карпош

На 31.03.2023 околу 12.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош, во својот дом бил пронајден починат Т.Д.(40) од Скопје.

Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.