Македонија
21. March 2016 - 11:57

Пронајден мртов старец во Неготино, телото предадено на обдукција

Седумдесет и шестгодишен неготинец е пронајден мртов, телото е дадено на обдукција, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.        

- Утрово во 06,10 часот од страна на доктор од Итната медицинска помош, телефонски во Полициската  станица - Неготино пријавено е дека  е пронајдено   76- годишно лице  од Неготино во безсознание, кое е пренесено во Медицински центар Кавадарци,  каде од страна на лекарските служби е констатирана смрт, соопшти Стојковска. 

Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, извршен е увид и по наредба на јавен обвинител,  телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.