Македонија
26. August 2018 - 13:06

Пронајден мртов маж во семеен двор во Скопје

Маж пронајден мртов во семеен двор во Скопје. Како што информираат од полицијата, вчера во 19,20 часот во Скопје, во двор од куќа на улица „Багдадска“ сопственост на Д.А.(65), пронајдено е починато непознато машко лице. Извршен е увид на местото на настанот.
 
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.