Македонија
16. December 2015 - 17:32

Пронајден мртов маж во дворот на семејната куќа

Шеесет и седум годишниот Стојан Размоски од прилепското село Маргари, изутрината бил пронајден мртов во дворот од семејната куќа.

Спопред јавниот обвинител Дамчо Кочоски, телото на Размоски денеска околу 11 часот го пронашол поштарот кој веднаш повикал полиција.

- Според првичните сознанија од лекарите од итната медицинска помош 67-годишниот жител на селото Маргари бил мртов повеќе од три дена. Лицето му е оштетено, но на телото не се забележани траги од насилство, вели Кочоски.

Првично, се смета дека лицето му е изгризано од животни. Јавниот обвинител нареди обдукција за да се откријат причините за смртта на Размоски. Старецот бил повлечен, живеел сам, не бил конфликтна личност и не одржувал врски со соселаните. Маргари е село со 9 жители.