Македонија
3. November 2017 - 10:17

Пронајден мртов маж во апартман во Скопје

Четириесет и четири годишниот М.М. од Италија вчера попладне бил пронајден мртов во изнајмен апартман во Скопје на улицата „Томе Арсовски“.

Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

На телото на починатиот немало видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на Италијанецот ќе биде предадено на обдукција.