Македонија
31. May 2017 - 19:06

Пронајден мртов 26 годишен маж, застрелан во автомобил

Со прострелна рана во грбот во прилепско во автомобил пронајден е мртов 26-годишен маж.

Како што соопшти МВР изутринава во 6 часот во село Канатларци, Прилепско, од страна на жител од селото, во возило марка „Фолксваген Пасат“ пронајден е починат Е.И. (26). Истиот имал прострелна рана во грбот. Смртта ја консатирал лекар од Итна медицинска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.