Македонија
7. November 2016 - 12:06

Пронајден исчезнатиот битолчанец

Маж од Битола се јави во полиција и пријави дека неговиот татко е исчезнат. За среќа, битолчанецот се вратил во својот дом. Се работи за Љ.В. од селото Долно Агларци,  кој бил во добра здравствена состојба, но поради густата магла се изгубил.
 
Тој бил пријавен за исчезнат од страна на неговиот 27-годишен син, И.В. од селото Мусинци.