Македонија
5. February 2021 - 14:45

Пронајден хероин во Гостивар

Денес, (05,02) во 12,00 часот по преземени мерки од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар извршен е претрес во домот кај В.С.(37) од Гостивар при што се пронајдени околу 110 грама хероин. Лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.