Македонија
3. March 2021 - 18:07

Пронајден хероин кај 50-годишен тетовец

Полициски службеници од СВР Тетово денеска во 11.00 часот во Тетово,го лишиле од слобода Ј.С.(50) од Тетово бидејќи при преглед кај него бил пронајден хероин.

Од МВР денеска информираа дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.